Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Во вториот 1/8 финален натпревар кој се одигра денес во ЛШ, Бенфика на Луж минимално ја победи Борусија Дортмунд, 1:0.
Обамејанг во првото полувреме пропушти голем број шанси за погодок. На полувреме на семафорот стоеа почетните 0:0.
На почетокот на второто полувреме Митроглу ги израдува домашните навивачи. Обамејанг по погодок на домашните имаше голема шанс за израмнување, но повторно не искористи.
Во 57-ма минута Фејса со рака играше во казнениот простор и Борусија Дортмунд заработи пенал. Обамејанг шутираше катастрофално од белата точка, а тоа беше лесен плен за голманот Едерсон.
Едерсон пред крајот на натпреварот го одбрани ударот на Пулишиќ и му обезбеди на својот тим минимална предност пред гостувањето во Германија.