Објавени проекциите за бројот на победи на НБА тимовите, Вориорс повторно на врвот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кој е најголема закана за Голден Стејт Вориорс сезонава? Како тоа на Запад има 11 тима кои се борат за плејоф а во Источната конференција не се знае дали и петтиот тим ќе заврши со позитивен скор во регуларната сезона. Одговор на овие и многу други прашања сепак немаме. Но имаме мала помош од ESPN во тоа што тие вчера ја објавија листата со проектирани победи за сите 30 НБА тимови.

На врвот е непроменето, исто како и лани. Голден Стејт Вориорс влегува во сезоната како шампион и најголем конкурент за првото место на западот. На Исток пак, Бостон е фаворит со минимална разлика во проекциите.

 

Листата е следнава:

ЗАПАД:

  1. Голден Стејт Вориорс  –  62.1
  2. Хјустон Рокетс  –  55.0
  3. Сан Антонио Спарс  –  52.6
  4. Минесота Тимбервулвс  –  50.1
  5. Оклахома Сити Тандер  –  49.5
  6. Лос Анџелес Клиперс  –  48.9
  7. Денвер Нагетс  –  47.2
  8. Јута Џез  –  44.7
  9. Њу Орлеанс Пеликанс  –  44.2
  10. Портланд Трејлблејзерс  –  43.8
  11. Далас Маверикс  –  34.6
  12. Мемфис Гризлис  –  34.6
  13. Лос Анџелес Лејкерс  –  33.0
  14. Феникс Санс  –  30.3
  15. Сакраменто Кингс  –  27.4

 

ИСТОК:

  1. Бостон Селтикс  –  49.4
  2. Кливленд Кавалирс  –  49.2
  3. Вашингтон Визардс  –  47.5
  4. Милвоки Бакс  –  46.9
  5. Шарлот Хорнетс  –  44.1
  6. Торонто Репторс  –  43.4
  7. Мајами Хит  –  42.3
  8. Детроит Пистонс  –  35.1
  9. Филаделфија Сиксерс  –  33.2
  10. Орландо Меџик  –  32.2
  11. Индијана Пејсерс  –  32.0
  12. Њу Јорк Никс  –  32.0
  13. Бруклин Нетс  –  29.5
  14. Чикаго Булс  –  28.5
  15. Атланта Хокс  –  27.0

 

Според анализите на ESPN може да се увиди дека сезонава во Западната конференција ќе биде пеколно тешко да се најде место во плејофот. Источната конференција пак, не е толку компетитивна и им се даваат реални шанси за освојување на врвот на само 4 екипи.

Проектираните победи во никој случај не се реален показател за сезоната која е пред нас, но можат да ни понудат добра статистика према која ќе ги базираме очекувањата за 30-те тимови.