Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Oд 21 до 27 август на терените на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид ќе престојува кампот на Школата за фудбал на фудбалскиот клуб Барселона.
Школата на Барселона е отворена за деца од 6 до 16 години, а тренинзите ќе се одржуваат на новиот терен со вештачка трева и на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“.
Котизација за учество на кампот изнесува 19,700 денари, а во овој износ се вклучени:
– тренинази со тренери од Школата на ФК БАРСЕЛОНА
– осигурување од повреди за време на тренинзите
– хотелско сметување 7 дена со вклучен доручек, ручек, вечера плус ужина и пијалок
– спортска опрема (која не вклучува копачки)
– транспорт на учесниците на кампот од хотел до терените и назад (два пати на ден)
– аниматори во хотелот за цело време на кампот
Пријавувањето трае до 10 август, а сите заинтересирани може да се пријават на мејл: [email protected].
Повеќе информации за кампот може да се добијат на официјалната Фејсбук страница.