Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот Герет Саутгејт денеска ја објави листата на играчи кои ќе бидат дел од националниот тим на Англија во претстојните квалификациски дуели против Малта и Словачка.
Во финалниот избор на играчи се најдоа и неколку дебитанти од кои најзначаен е играчот на Лестер Сити, Хари Мегваер. Целосниот состав изгледа вака:
Голмани: Том Хитон, Џо Харт, Џордан Пикфорд, Џек Батленд.
Одбрана: Гери Кејхил, Рајан Бертранд, Арон Кресвел, Фил Џонс, Мајкл Кин, Крис Смолинг, Киеран Трипиер, Џон Стоунс, Кајл Вокер, Хари Мегваер.
Среден ред: Ерик Дајер, Џеси Лингард, Деле Али, Натаниел Чалоба, Џордан Хендерсон, Џејк Ливермор, Алекс Окслејд-Чемберлејн, Рахим Стерлинг.
Напад: Џермејн Дефо, Џејми Варди, Даниел Стариџ, Хари Кејн, Дени Велбек, Маркус Рашфорд.
Со оглед на тоа дека во натпреварот со Малта англичаните влегуваат како големи фаворити, селекторот Саутгејт гледа одлична шанса да ги проба “новајлиите” во составот на репрезентацијата.