Објаснување зошто била празна ВАР-собата за мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера успеа да слави на гостувањето кај Ваљадолид со 4-1, иако домаќинот имаше одличен старт на мечот.

Ваљадолид имаше пенал пред да стигне до водство, но Алкараз не го искористи. Во финишот од мечот Реал остана со десет фудбалери поради вториот жолт картон на Касемиро, додека на домаќините им беа поништени два гола со ВАР-технологија.

Меѓутоа, ВАР-собата е во центар на внимание поради навистина чудна причина. Главниот судија Гил во 14. минута поништи гол на Ваљадолид, но ги повика судиите во ВАР-собата да ја проверат неговата одлука.

Меѓутоа, во ВАР-собата (една од нив) немаше никого, па тоа крена голема „прашина“. Режисерот на преносот решил да покаже ВАР-соба и токму тогаш немаше никој во неа.

Во седиштето на шпанскиот фудбал се наоѓаат повеќе ВАР-соби, кои не се користени за мечот меѓу Ваљадолид и Реал Мадрид, додека судиите во друга соба сепак работеле.

Тоа значи дека судиите всушност работеле, но не во таа соба која се прикажала за време не преносот.