Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓
Најголемата ѕвезда на Индијана, Пол Џорџ се надева на успешна сезона како на личен план, така и на тимско ниво.
Индијана го засили својот тим, го донесоа тренерот МекМилан, па би можеле да бидат главни ривали на актуелниот шампион Кливленд за титула на Истокот.
„Дефинитивно сакам да бидам МВП оваа година. Тоа е голем предизвик, со тренерот Нејт и соиграчите од екипата, мислам дека можам да стигнам до тој успех.“
„Потребно е и понатаму да бидам свој, да бидам лидер, да бидам агресивен, да имам голема желба.“
„Таа награда не ми следува, за неа морам да се борам. И мислам дека ова е моја година.“
Џорџ во 2013-та година беше прогласен за играч кој најмногу напредувал во НБА.