Ова е единствениот фудбалер за кој Мурињо би го менувал Де Геа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал не се откажува од голманот на Јунајтед, а Мурињо сега им поставува ултиматум.

По натпреварот против Сандерленд, се повеќе почна да се шпекулира дека односите помеѓу Де Геа и Мурињо се оладени, а тоа ги загреа шпекулациите дека голманот ќе се пресели во Мадрид.

Перез веќе 2 години е упорен во намерата да го донесе поранешниот голман на Атлетико, но никако да му успее тоа.

Се зборува дека ова лето би можело нешто да се смени, но Мурињо наводно има еден услов за Реал, од кој нема намера да се откаже.

Тој би го пуштил Де Геа да замине, но ако во спротивен правец замине Тони Крос.

Тоа е единствено барање, а доколку управата на Реал не му го исполни, тогаш може да заборават на Де Геа.

Крос би се вклопил во тимот на Мурињо, а не крие дека му е потребен играч со такви карактеристики.

Сега се останува на Перез, но по се изгледа дека тој никогаш не би прифатил вакви услови, затоа што Крос е еден од најважните играчи на Реал во моментов.