„Ова ми беше потребно“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во ¼-финале на Мастерсот во Париз по победата против Димитров со 4:6, 6:2 и 6:3. Ѓоковиќ уште еднаш покажа психичка стабилност и потврди дека нема лесно да се откаже од првото место.

    „Мислам дека публиката имаше во што да ужива. Двајцата дадовме се од себе, беше многу интересен натпревар. Ова ми беше потребно, повеќе психички отколку било што друго. Григор имаше добра идеја и ова беше борба до последниот поен.“

    Тој ќе игра во ¼-финале со Марин Чилиќ кој беше подобар од Гофин.

    „Марин едноставно сака тврди подлоги. На нив имаше најмногу успеси. Оваа година го освои Синсинати, каде е слична подлогата. Знам што треба да направам и се надевам дека ќе победам.“