Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако пред неколку дена стигна на „Стемфорд бриџ“, Маурицио Сари веднаш доби главоболка, откако доби две забрани од клубот.
Италијанскиот тренер досега беше познат по доаѓање во тренерка на натпреварите, но во Челси ќе мора да го почитува кодексот на облекување.
Освен тоа, тој доби забрана за пушење на полувреме. Сари беше познат по тоа што во Наполи сакаше да запали цигара во тунелите на стадионот за време на паузата.
Секако, на Сари ова му било соопштено многу порано, но сега официјално беше објавено на социјалните мрежи.
Освен овие проблеми, Сари е соочен и со тие поврзани за фудбалот, па ќе има многу проблеми деновиве да го задржи Еден Азар во екипата.