Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер тргна одлично на тренерската позиција на Манчестер јунајтед, но сепак го запиша првиот пораз и тоа во осминафиналето на Лигата на шампиони против ПСЖ со 0-2 на „Олд Трафорд“.
Солскјер сега се соочува со нови проблеми пре дуелите против Ливерпул и Челси, зашто нема да може да смета на двајца важни фудбалери, Џеси Лингард и Ентони Марсијал.
Двајцата фудбалери предвреме го напуштија мечот против францускиот гигант, па Норвежанецот нема добри вести за навивачите на „црвените ѓаволи“.
„Лингард и Марсијал ќе паузираат две-три недели, а тоа ќе биде голем проблем за нас, но воедно и шанса за Алексис Санчез, Ромелу Лукаку и останатите“, вели Солскјер.
Како што се очекува, Марсијал и Лингард нема да настапат против Челси во ФА-купот, како и во Премиерлигата нема да може да му помогнат на Јунајтед против Ливерпул, Саутемптон и Кристал Палас.