Ова се најдобрите 11 на Реал кои Зидан ги чека со месеци


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    По одличниот старт во сезоната изгледаше дека оваа сезона конечно ќе биде доминантна. Сепак, следеа разочарувања во Примера и ЛШ, па Реал не и избега на Барселона.

    Сега во Мадрид со нетрпение се чека саботниот натпревар во Севиља против Бетис.

    Сигурно е дека нов кикс не смее да има, бидејќи тоа дополнително би го разлутило темпераментниот Перез.

    Покрај лошите резултати, стигна и караница на Зидан со Роналдо, па и неизвесната ситуација околу Бејл.

    Многумина сметаат дека Французинот до победа стигнуваше благодарение на индивидуалните квалитети на своите ѕвезди додека системот на игра е во втор план.

    Меѓутоа, и тоа како се заборава тоа финале во ЛШ и освојување на титулата беше всушност и последен натпревар на кој играше неговата идеална екипа.

    Поминаа 10 службени натпревари откако во ист тим заиграа: Навас – Карвахал, Пепе, Рамос, Марсело – Касемиро, Крос, Модриќ – Бејл, Роналдо, Бензема.

    Секако, главен виновник за тоа се повредите. За почетокот таа на Роналдо, па потоа беше надвор од терените и Навас.

    Се повреди и Марсело додека Бензема не беше во форма.

    Долго го нема ниту Касемиро, неговиот миленик со кој доби баланс во тимот и за кој вистински замени во тимот нема.

    За крај стигнаа и најтешките удари – повредите на Модриќ и Рамос кои ќе ги нема неколку недели.

    Зидан така може да чека и до крајот на годината за својот најдобар тим.