Овен: Тоа не беше пенал ниту во милион години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен смета дека овој клуб имал среќа што добил пенал во последната минута од дуелот против ПСЖ.

Да потсетиме, Црвените Ѓаволи се пласираа во 1/4 финалето од ЛШ откако го победија ПСЖ на гости со 3-1, а одлучувачкиот погодок го постигна Рашфорд во судиското продолжение од белата точка.

Сепак, Овен смета дека тој пенал не требало да биде досуден.

„Кога би ги гледал работите од неутрална страна, тоа не би требало да биде пенал ни за милион години. Раката не беше во неприродна положба. За мене тоа не беше пенал“, порача Овен.

Исто така и Рио Фердинанд се огласи по истиот повод нагласувајќи дека пеналот не требало да биде досуден.

„Нема шанси тоа да беше пенал. Ниту еден судија не може да ме увери во тоа. Нормално, драго ми е што поминавме понатака, но не ја сфаќам, таа одлука. Ако е ова ново правило, погрешно е“, изјави Фердинанд.

Секако, во овој момент ниту еден навивач на Јунајтед не го интересираат овие коментари, бидејќи нивниот клуб е во 1/4 финалето и сега се сконцентрирани на ждребот.