Овој човек ќе го замени Венгер на клупата на Арсенал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Арсен Венгер има договор со Арсенал уште две години, но медиумите во Англија веќе пишуваат дека ова ќе биде последна негова сезона како предводник на „топчиите“.

Според последните информации, најблиску до клупата на Арсенал е германскиот селектор Јоаким Лев кој по завршувањето на СП ќе ја напушти клупата на „панцирите“.

Лев се споменуваше и како можен кандидат за клупата на Реал Мадрид, но сега Арсенал испаѓа како посериозен кандидат за неговиоте услуги.

Амбициозниот стратег како тренер ги водел екипите на Фраунфилд, Штутгарт, Фенербахче, Карлсруе, Адануспор, а беше помошник и на Клинсман кога тој беше селектор на Германија.