Одби да се врати во клубот, бидејќи не го пуштаат во Лестер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сенегалскиот фудбалер Кара Мбоџи одби да се врати во Андерлехт.

Овој 27-годишен фудбалер се најде на мета на Лестер, а Мбоџи имаше голема желба да заигра во ПЛ.

Сепак, Андерлехт одлучи да ги одбие 2-те понуди на Лестер и тоа му пречи на Сенегалецот.

Тој по Африканскиот куп на нации одби да се врати во Белгија и не сака да игра за Андерлехт.

Желбата по ПЛ би можела да остане само тоа, бидејќи би можел да се пресели на трибините.

Кара Мбоџи е стандарден фудбалер на Андерлехт и тој има договор со тимот до 2019 година додека Лестер за него понуди 13 милиони фунти.