„Одигравме совршен натпревар против Атлетико“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Реал Мадрид вчера на „Висенте Калдерон“ во градското дерби го победи Атлетико Мадрид со 3:0.

    Тимот на Зидан до победа на гостувањето стигна полесно од очекуваното. Вчера против Атлетико одличен беше Роналдо кој постигна хет-трик. По натпреварот Иско изјави дека Реал одиграл совршен натпревар, односно дека испочитувале се што кажал тренерот.

    „Во текот на неделата работевме на овој систем и на крајот се исплатеше. Навистина одигравме совршен натпревар и среќен сум што освоивме 3 бодови. Задоволен сум како тоа функционираше на теренот и мора да бидеме горди на резултатот кој го постигнавме.“

    „Во натпреварот влеговме со многу мотиви и водечкиот гол го постигнавме во вистински момент. Искрено, ова беше многу полесно отколку што очекувавме. Први сме, но сеуште има многу да се игра. Најважно е тоа што продолжуваме да освојуваме бодови.“