Одличен натпревар во Екатеринбург: Јапонија и Сенегал ги поделија бодовите (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Репрезентациите на Јапонија и Сенегал одиграа одличен натпревар на арената во Екатеринбург во кој ги поделија бодовите (2:2).

Сенегалците подобро го отворија натпреварот и веќе во 11. минута имаа водство откако Мане ја искористи грешката на противничкиот голман и погоди за 1:0. Потоа следуваше помирен период, со моментални блесоци на двете страни.

Така беше се до 34. минута кога Јапонија изедначи преку Инуи кој ја искористи асистенцијата на Нагатомо.

Сенегал повторно стигна до водство во 71. минута , овој пат преку Вагуе, но по само седум минути игра Хонда погоди за ново израмнување.

Двете репрезентации и по крајот на второто коло ќе останат на првите две позиции во групата Х со по четири бодови.