Одличен пресврт на Голден Стејт: Вестбрук одличен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пет натпревари во НБА лигата се играа во ноќта од недела кон понеделник, а гостинските тимови победија дури на 4 натпревари.

Најдобра победа беше таа на Филаделфија која го победи Детроит со 97:79 со навистина добра тимска игра. Роберт Конвигтон ја однесе Филаделфија до победа додека на Детроит не му помогнаа ниту 28-те поени на Маркус Морис.

До 21-та победа во сезоната стигнаа Голден Стејт. Тие како гости со многу маки ја победија Минесота со 116:108 и тоа благодарение на последната ¼-на која ја добија со 38:20.

Томпсон постигна 30 поени додека на другата страна ЛаВајн и Таунс постигнаа по 25.

Расел Вестбрук минатата вечер немаше трипл-дабл, но повторно беше одличен, со 37 поени и 12 скокови ја однесе Оклахома до победа против Бостон со 99:96.

Останати резултати:

Детроит – Филаделфија 79:97
Минесота – Голден Стејт 108:116
Оклахома – Бостон 99:96
Феникс – Њу Орлеанс 119:120
Лејкерс – Њујорк 112:118

https://youtu.be/fHZotIsV53k