Одлична борба за титула во ВБА: Германски боксер во индуцирана кома!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Откако падна во соблекувалната по поразот, германскиот боксер Едвард Гуткнехт(34) итно е опериран поради мозочно крварење и моментално се наоѓа во индуцирана кома.

    Тој падна во соблекувалната откако го изгуби натпреварот од Џорџ Гроувс(28) за ВБА интернационалната титула во супер-средна категорија кој беше оддржан во „Вембли арената“ во Лондон.

    Тој во текот на натпреварот прими многу тешки удари, а изгуби дури после 12 рунди.

    „Тој се наоѓа во инцудирана кома, но тоа е нормално поради неговата операција. Се надеваме на најдобро.“, изјави претседателот на германскиот боксерски сојуз.