Одличните настапи го сторија своето, гигантите со интерес за Скриниар


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пишува „Газета дело Спорт“ Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за играчот од одбраната на Интер, Милан Скриниар.

Одличните игри во првиот дел од сезоната во Италија го сторија своето и за словачкиот интернационалец веќе се зборува дека набрзо може да го напушти тимот на Интер.

Спортскиот директор на „Нероаѕурите“ Пјеро Аусилио истакна дека Скриниар не е на продажба, но сигурно нема да одолеат на некоја понуда од богатите клубови кои го посакуваат Словакот во своите редови.