ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Атлетико и Реал во недела на „Висенте Калдерон“ ќе го одиграат градското дерби во рамките на 12. коло во Ла Лига.
Пред овој натрпевар беше актуелно прашањето дали најдобриот фудбалер на Атлетико, Антон Гризман ќе биде подготвен за дуелот, а неговиот согирач Хуанфран во разговор за шпанските медиуми ги отстрани сите сомнежи.
„Гризман е подготвен. Го прашав дали ќе игра и тој ми рече дека ќе игра“, изјави фудбалерот на Атлетико.
Потсетуваме, Гризман во победата на Франција над Шведска со 2:1 ја напушти играта во 88. минута проади повреда на стопалото, но тоа сепак нема да го спречи одличниот напаѓач да игра против најлутиот ривал.
Натпреварот помеѓу Атлетико и Реал ќе се одигра со почеток од 20:45.