Одлични вести за Барселона – Две засилувања во продолжение на сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона е сега скоро комплетна.

Маскерано и Туран добија зелено светло да се вратат на теренот по 20-дневна пауза.

Тие двајца се наоѓаат на листата на играчи за наредниот натпревар со Спортинг во вондредното коло, а тоа значи дека надвор од теренот ќе биде само Матје.

Маскерано посебно недостигаше во дефанзивните задачи, па така неговото враќање е голем плус за тимот.

Барселона е втора на табелата со натпревар повеќе и бод помалку од Реал Мадрид, а натпреварот со Спортинг се игра во среда од 19:30.