Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спортс“ пренесува дека Ентони Марсијал е блиску до потпишување нов петгодишен договор со Манчестер Јунајтед.
Французинот одби една понуда од клубот за продолжување на соработката во октомври минатата година, кога на клупата на Манчестер Јунајтед седеше Жозе Мурињо.
Од раководството на клубот неодамна ја активираа можноста за едногодишно продолжување на неговиот договор до 2020 година, но сега со новиот петгодишен договор Марсијал ќе остане многу подолго на „Олд Трафорд“, најмалку до 2024 година.
22 годишниот фудбалер игра одлично под водство на Оле Гунар Солскјер и еден од играчите кои значително напредуваа во последните шест натпревари за клубот.