Одлични вести за Јувентус – се враќа Даглас Коста!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Играчот на Јувентус, Даглас Коста повторно е на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.

Коста ја „одработи“ казната од четири натпревари, која ја доби поради инцидентот на мечот против Сасуоло.

Разилецот доби директен црвен картон, откако го плукна Еузебио Ди Франческо по вербален дуел меѓу играчите.

Коста не можеше да им помогне ниту на колегите во Лигата на шампиони поради повреда на зглобот на левата нога.

Сега се врати на тренинзите и набрзо би можел да добие шанса во екипата на Алегри.

Јувентус фантастично ја почна сезоната, па досега победуваше во сите натпреварувања.