Одлични вести од Буенос Аирес: Вечерва ќе се игра Суперкласико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Средбата требаше да се игра синоќа, но терминот беше поместен поради дожд. И утрово се појавија информации дека може повторно да се одложи, но сепак такво нешто нема  да се лучи.

Јужноамериканскиот фудбалски сојуз донесе одлука вечерва да се одигра натпреварот помеѓу Бока јуниорс и Ривер плејт.

Секако, станува збор за првата средба од финалето на Копа Либертадорес, кој требаше да се одигра вчера на „Ла Бомбонера“.

Инаку, средбата се игра вечерва од 20 часот.