Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше одлично деби во дресот на Веспрем на натпреварот против Чургои.
Унгарскиот шампион славеше со високи 31:15, а нашето репрезентативно крило постигна осум погодоци. Манасков дури седум од своите погодоци ги постигна во првото полувреме и беше еден од најзаслужните за убедливата победа на домашниот тим.
„Ова беше мој прв официјален натпревар. Многу сум среќен што заврши со ваква извонредна победа. Како што кажа тренерот, ова е само почеток. Ние игравме 60 минути, трчавме многу и многу лесно постигнувавме голови. Уште многу работа стои пред нас“- коментираше Манасков по натпреварот.
Ваквите вести секако дека се добредојдени и за Манасков, но и за Раул Гонзалез поради фактот што Манасков две години се мачеше со минутажа во Рајн Некар и Вардар.