До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот напаѓач Вејн Руни наводно се помири со фактот дека повеќе не е неопходен на Олд Трафорд.
Тренерот Жозе Мурињо не е задоволен со неговата форма и против Лестер доби минути „на лажичка“, а доколку ваквиот статус го има и во наредниот период може лесно да биде скратен и за повик во репрезентацијата.
Со оглед дека Мурињо јасно даде до знаење на Руни дека нема зациментирано место во тимот, англиските медиуми почнаа да шпекулираат дека тоа може да резултира со трансфер во МЛС.
Неколку американски клубови беа заинтересирани во текот на летото, но Руни ги одби со причина што сака договорот да го одработи до крај.
Доколку и понатака шансата ја чека од клупата, неговата одлука ќе значи почеток на крајот.















