Одлука на Мурињо – Ова е првиот потег во зимскиот преоден рок!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Му недостасуваше време да ја спроведе одлуката во дело, но на зима знае што ќе направи.

Мурињо не успеа да го затвори летниот преоден рок со доведување на Фабињо од Монако, немаше доволно време да продаде еден играч и да го доведе Бразилецот кој соевремено го тренираше во Реал.

Имено, неговата идеја беше да се ослободи од Дармијан, за италијанскиот репрезентативец е одбиена понуда на Интер за позајмица со право на откуп.

Јунајтед сака Дармијан да го продаде за околу 18 милиони евра, за толку и го доведоа и тие пари да ги вложи во Фабињо.

Планот во прв поглед е добар, но тешко е да се верува дека некој од италијанските клубови ќе плати толку за некогашниот играч на Торино кој не се прослави од доаѓањето во Англија, а го загуби и местото во репрезентацијата на Италија на ЕВРО 2016 година од фудбалерот на Милан Де Шиљо.