„Одлучив дека е време да го сменам тимот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ријад Марез оваа сезона не играше одлично во тимот на Лестер.

Марез минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Лестер кога ја освоија титулата во ПЛ. Меѓутоа, оваа сезона тој не беше на ниво, како ниту самиот клуб.

Тој одлучи да соопшти дека наскоро ќе замине во друг клуб. Марез верува дека дошло време да се направи промена во неговата кариера.

„Сите знаат колку го почитувам Лестер, но сега сакам да бидам целосно искрен. Чувствувам дека е време да заминам и да го сменам тимот. Минатото лето одлучив да остнаам и беше тоа вистински потег. Сепак, сега мислам дека е време за нови предизвици.“