Одреден судијата за првотополуфинале меѓу Франција и Белгија


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Од Светската куќа на фудбалот (ФИФА) го одредија главниот судија за првиот полуфинален натпревар помеѓу Франција и Белгија кој се игра во вторник.

На овој натпревар правдата ќе ја дели Уругваецот Андрес Куња, а помошници ќе му бидат Николас Таран и Маурицио Еспиноза, исто така од Уругвај.

Куња на ова Светско првенство судеше на два натпревари од групната фаза и тоа на мечот меѓу Франција и Австралија, како и на средбата помеѓу Иран и Шпанија.

Се уште не е познато кој ќе суди во вториот полуфинален натпревар меѓу Англија и Хрватска.