До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсенал ја продолжува потрагата по наследник на Венгер, а Скај Спортс пренесува дека, барем засега, Виера не е во нивните планови и се уште немаат остварено контакт со Французинот.
Поранешниот играч на „топчиите“ во моментов е менаџер на Њујорк Сити, и постојано е поврзуван со враќање во клубот каде помина девет успешни сезони.
Минатата недела, 41 годишниот стратег истакна дека е среќен што го поврзуваат со тренерската позиција во Арсенал и посочи дека е подготвен да води некој голем тим од Европа.
Сепак, Виера потврди дека ќе биде многу тешко тој да стане новиот тренер на тимот на Арсенал затоа што во трката за испразнетото столче има уште неколку врвни тренерски имиња.















