Од Барса на средба со агентот на Дембеле


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Спортскиот директор на Барселона Роберт Фернандез одржал состанок со агентот на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд.

Дембеле кој минатата сезона потпиша за тимот од Дортмунд е на радарот на „Каталонците“ по фантастичната сезона во Бундеслигата.

Според „Билд“, спортскиот директор на Барса се сретнал со агентот на Французинот за да дискутираат можен трансфер кој би изнесувал околу 90 милиони евра.