Од Барселона во Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино во своите редови го посакува талентираниот играч на Барселона, Алења.

Алења иако дебитираше за „Каталонците“ оваа сезона е далеку од стандардно место во првата постава на клубот, па затоа можеби ќе се реши да го напушти „Камп Ноу“.

Како што пишува „АС“ наводно од Тотенхем му нудат место во поширокиот список на првиот тим каде ќе добие шанса да се избори и за стандардно место во првиот тим.

Алења дебитираше во дресот на Барселона против Гранада кога влезе во игра на местото на Иван Ракитиќ.

Договорот на Алења истекува на 30 јуни 2018 година, а во Тотенхем би пристигнал за сума од три милиони евра.