ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Управата на Волфсбург порача уште еднаш дека немаат во план да го продадат Јулијан Драклер.
Иако агентот Фабио Париси неодамна изјави дека германскиот репрезентативец на лето сигурно ќе го напушти Волфсбург, управата на клубот таквите тврдња ги отфрли.
„Нема што да се зборува за тоа. Дракслер не е на продажба, договорот му истекува во 2020. година и тоа е крајот на цела приказна“, изјави спортскиот директор Клаус Алофс.
Алофс додаде дека Дракслер сега е среќен во Волфсбурог откако беше променет менаџерот и сигурен е дека ќе се подобрува од ден на ден.