Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мати Никенен, еден од најголемите ски-скокачи во историјата, по големиот успех се соочил со тешки денови во својот живот, кога му се „предал“ на алкохолот и насилството.
Никенен се женел пет пати, а неговото име често се појавувало во медиумите. Тој побарал спас во алкохолот, а понекогаш знаел да се тепа, па бил и во затвор по неколку денови.
Добил многу условни казни, па бил обвинет и за обид за убиство, откако ја нападнал сопругата со нож во Финска и бил осуден на 26 месеци затвор.
Набрзо повторно бил во затвор дури 18 месеци, овој пат поради насилство кон сопруга, а последните неколку години од животот ги поминал сам.
Финецот почина на 55 години во својата куќа, а засега не се познати причините за неговата смрт, па се претпоставува дека починал од природна смрт.