Од Интер објаснија зошто Нианголан е суспендиран и казнет со 100.000 евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нианголан летово пристигна во Интер од Рома, но не се наигра баш во досегашниот дел од сезоната поради проблеми со повредите. Од него на Меаца се очекуваше многу, но Нианголан повторно почна да прави проблеми и надвор од теренот. Откако медиумите објавија дека има проблеми со коцнање и ноќни излегувања, стигна и суспензија од Интер.

Многумина помислија дека клубот го казнил поради наводните проблеми со коцкањето, но не е вистина.

Интер го казнил Белгиецот поради тоа што минатата недела дури три пати задоцнил на тренинг и со тоа жестоко ја прекршил дисциплината на клубот.

Новиот спортски директор Бепе Марота сака да воведе жестока дисциплина во тимот, а прв кој го осето на своја кожа е Нианголан. Белгиецот покрај суспензијата е казнет и парично со 100.000 евра..

Колку ќе отсуствува од теренот не се знае, а исто тана не е невозможно Интер да го продаде веќе во јануари.