Од лошо кон полошо: Бакајоко продолжува да разочарува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот фудбалер Тиемуе Бакајоко се соочува со тешки денови во неговата кариера.

Во 2017. година стигна како големо засилување за Челси, но таму не се прилагоди, па замина на позајмица во Милан.

Сепак, ниту таму не игра најдобро, иако тренерот Џенаро Гатузо му дава шанса за игра.

Бакајоко го одигра цел натпревар против Олимпијакос, но подобро ќе беше да не игра.

„Газета дело Спорт“ му даде најлоша оцена на тој натпревара и ја опиша неговата игра како – катастрофална.

Исто така и „Тутоспорт“ го оцени до „петка“ и го опиша дека бил изгубен на теренот.