Од Манчестер Јунајтед се подготвени да пуштат да си одат некои играчи


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед се отворени да ги слушнат понудите за Далеј Блинд и Матео Дармиан кои по се изгледа ќе си заминат ова лето.

Јунајтед ја искористи опцијата да го продолжи договорот со Блинд за дополнителна една сезона уште во февруари, но тоа веројатно го сторија за Холанѓанецот да не може да си замине како слободен агент ова лето.

Дармиан има уште една година од актуелниот договор со Јунајтед, и речиси сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“ откако сериозен интерес за него покажаа Рома, Наполи и Јувентус. Италијанецот одигра само 15 натпревари за Јунајтед оваа сезона.