Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Реал Мадрид веројатно ќе му дозволи на Лука Модриќ да си замине од тимот следното лето.
Хрватскиот интернационалец е често поврзуван со трансфер во Интер, а минатото лето имаше и понуда од клубот од Милано која беше одбиена од страна на раководството на Реал Мадрид.
Сепак, „Мундо Депортиво“ пренесува дека сега работите се смениле и дека од Реал Мадрид ќе ја остават вратата отворена за евентуално заминување на Лука Модриќ.
Медиумите во летниот преоден рок пишуваа дека Модриќ посакувал трансфер во Интер, а тоа што пропаднаа преговорите очигледно влијае и во неговата игра. Хрватот оваа сезона игра под своето ниво.