Од сите страни пристигнуваат понуди: Вистинска италијанска сензација на повидок …?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најновата сензација во италијанскиот фудбал се вика, Николо Заниола.

Откако во Рома стигна на мала врата од Интер, офанзивниот играч за врска воодушеви многу љубители на фудбалот со својата игра.

Не само нив, туку и Челси и Реал Мадрид кои веќе го повикаа неговиот менаџер, да се „распрашаат за здравјето“ на 19-годишниот Заниола, пренесува Калчомеркато.

Тој, меѓутоа ја одби можноста да го напушти Рим на крајот од сезоната и се поверојатно е дека ќе ја продолжи соработката со подобрени услоби – како што се наведува годишно ќе заработува два милиони евра.

Се обиде и да го „заведе“ Мино Раиола, но семејството одлучи дека е најдобро за него се уште застапник да биде Клаудио Вигорели.