До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека минимум осум играчи ќе го напуштат „Стемфорд Бриџ“ по крајот на актуелната сезона.
Речиси е сигурно дека Антонио Конте ќе заработи отказ, а медиумите почнаа да лицитираат со имиња кои ќе си заминат од редовите на Челси.
Долго се шпекулира дека Еден Азар и Тибо Куртоа ќе си заминат во Реал Мадрид, а по се поизвесното испаѓање од трката за Лигата на шампионите трансферите на овие играчи се многу поблиску до реализација.
Манчестер Јунајтед сериозно ќе притиска за Вилијан, а на излезните врати се и Фабрегас, Педро, Кејхил, Давид Луиз, па дури и јануарското засилување Оливие Жиру.















