Од Јувентус потврдија: Пипито останува таму каде што е, потребен е и важен сегмент во играта…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на торински Јувентус, Фабио Паратичи потврди дека аргентинскиот напаѓач, Гонзало Игуаин и следната полусезона ќе го носи дресот на екипата на Милан.

Игуаин како дел од пакетот во транаферот на Леонардо Бонучи во Јувентус беше испратен на едногодишна позајмица меѓу Росонерите, а оваа зима се споменуваше и неговото преминување во редовите на лондонски Челси.

„Плавите“ од „Стемфорд Бриџ“ мака мачат со напаѓачи. Менаџерот Маурисио Сари не е задоволен со учинокот на Французинот, Оливие Жиру, а посебно Шпанецот, Алваро Мората, и побара од раководството на клубот доведување на Игуаин со кој порано соработуваше во Наполи.

Меѓутоа, од торински Јувентус кој е сопственик на договорот на аргентинскиот напаѓач потврдија дека од заминувањето на Пипито во Премиер лигата нема да има ништо.

„Тој без оглед на се се уште е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тоа го докажуваше изминатите години кога постигнуваше погодоци каде и да стигнеше. Што се однесува до неговата иднина, сметам дека е важен играч за Милан. Одличен напаѓач е, сакаат да го задржат во своите редови и така ќе биде. Го познавам добро Гонзало. Едноставен човек е, но многу страствен. Понесен е од голем ентузијазам во секоја ситуација, а секој играч може да падне во криза и да не постигне погодок четири или пет натпревари во низа“, истакна спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи.

Игуаин зад себе имаше навистина тежок период. Девет натпревари не постигна погодок, но изминатиот викенд постигна одлучувачки гол во победата на Росонерите над СПАЛ.

Аргентинскиот напаѓаќ оваа сезона вкупно постигна шест погодоци, а настапи во 15 натпревари во Серија А.