Од 21 до 27 август: Школа за фудбал на Барселона во Охрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 21 до 27 август 2017 година во Охрид ќе се одржи Школата за фудбал на светскиот гигант Барселона. Фудбалскиот клуб Барселона веќе седум години развива вакви проекти на повеќе локации во светот од каде што ги пронаоѓаат потенцијалните играчи за клубот.

Информацијата за одржување на школа на фудбалскиот клуб Барселона во јавноста беше соопштена на 22 февруари годинава, по средбата на Инаки Гонзалво, директор за развој на меѓународни проекти на школата од фудбалскиот клуб Барселона со охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

На тогашната средба, Гонзалво ја искажа заинтересираноста на клубот да ги испита можностите за инвестирање во Охрид, односно за отворање на фудбалска школа, организирање на летен камп и академија.

Настанот е веќе најавен на официјалната Фејсбук страница за Школата.