„Озил на тренинзите е подобар отколку на натпреварите“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Месут Озил во оваа сезона постигна девет гола за Арсенал, но на своето конто можеше да има уште барем пет. Да беше само малку попрецизен…

Одличниот играч за врска е движечка сила на Арсенал, игра одлично но понекогаш се мачи со реализацијата.

Свесен за тоа е и Арсен Венгер, кој призна дека не му е најјасно што тоа често се случува со Озил кога ќе дојде во гол-шанса.

„Озил е неверојатен играч. Било кога некој да го критикува, застанувам на негова страна и јасно го бранам на прес конференциите. Верувам во него и знам колку работи на тренинзите“, започна Венгер, и продолжи:

„Тој на тренинзите постигнува гол со леснотија и го работи тоа многу подобро на натпреварите. Не знам зошто тоа се случува, но верувам дека во наредните месеци ќе го подобри и тој сегмент. Првиот дел од сезоната навистина работеше добро, но мислам дека еден или два натпревари на кои беше фрустриран. На пример, таков беше против Манчестер Сити“.

Месут Озил одигра 23 натпревари за Арсенал во сите натпреварувања.

Постигна девет голови, од што пет во ПЛ и четири во ЛШ, а во тоа додаде и седум асистенции.