Озил нема трпение: Арсенал во тесна ситуација поради неговите барања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Месут Озил речиси сигурно ќе го напушти Арсенал наредното лето, а во Арсенал работат на тоа да му пронајдат нов клуб.

Овој 30-годишен фудбалер нема добар однос со управата на клубот, зашто не добиваше многу шанса сезонава, а дури и навивачите малку го поддржуваат.

Озил пропушти голем број натпревари сезонава, а причина беа повредите и настинките, кои на крајот го донесоа до пад на формата, па го загуби местото и во првите 11.

„Телеграф“ пишува дека управата работи да му најде нов клуб на Озил, а се споменува дека би можел да се пресели во Турција.