Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Како што денеска пишуваат некои британски медиуми, интерес за одличниот германски репрезентативец, Месут Озил покажал Манчестер Јунајтед, поточно Жозе Мурињо кој во 2013. година одлучи да го продаде од Реал Мадрид.
Тогаш многу се пишуваше за тоа дека Мурињо не е симпатизер на Озил, но тој за него има само пофални зборови и така во неколку наврати изјави дека го смета за еден од најдобрите „десетки“ на светот.
Озил со Арсенал има договор до летото 2018. година и е најскапиот фудбалер на Арсенал со месечна плата од 140,000 фунти. Британските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да му понуди на играчот дури 250,000 фунти, додека Арсенал би добил надоместок од 42,5 милиони фунти.
Арсенал му има понудено нов договор на Озил со кој неделната плата би му се зголемила за 20,000 фунти и би изнесувала 160,000, а доколку не биде потпишан, трансферот во Манечстер Јунајтед би можело да стане и реална опција. Се најавува дека во јануари ќе започнат преговорите за играчот, но сепак многу поголема е веројатноста тоа да се случи на крајот од сезоната.