Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Арсенал, Месјут Озил ја троши својата шеста година во дресот на „Топчиите“, откако летото 2013. година пристигна од Реал за 45 милиони евра во последните моменти од преодниот рок.
Многумина се зачудија поради оваа одлука на Мадриѓаните, но тогашниот тренер, Карло Анчелоти не му веруваше премногу на Германецот.
Тоа прилично ја разбеснило најголемата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо.
„Кога Роналдо слушна за тоа, полуде. Беше многу лут на Анчелоти кој истакна дека ние двајца најдобро соработуваме на теренот и дека јас најдобро го разбирам во играта. Велат дека бучно било во соблекувалната.
Меѓутоа, Анчелоти ништо не рекол на тоа, а јас добив уверување од Арсен Венгер дека ќе бидам стандарден“, истакна германскиот интернационалец.