Озил се враќа во Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Месут Озил помина три трофејни сезони во Мадрид пред да се пресели во редовите на Арсенал за сума од 47 милиони евра.

Германецот во дресот на Реал Мадрид одигра 159 натпревари на кои постигна 27 голови и забележа 81 асистенција.

Како што пишуваат медиумите во Англија, Озил повторно ќе се врати во Мадрид следното лето, но нема да го облече дресот на Реал туку оној на Атлетико.

Јорганџиите се во потрага по замена за Ентоан Гризман кој се поизвесно ќе го напушти клубот следната сезона, а изборот паднал токму на Месут Озил кој наредното лето ќе биде слободен фудбалер откако во неколку наврати одби да ја продолжи соработката со тимот на Арсенал.