Окон преминува во Форс Индија?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Според медиумите, Естебан Окон ќе вози во Форс Индија наредната сезона. Тој би требало да биде замена за Хилкенберг, кој замина во Рено.

    Окон и понатаму е официјално „дете на Мерцедес“, но неодамна Форс Индија беше заинтересирана за него. 20-годишниот возач имаше неколку тест возења за нив и се воодушеви.

    Тој оваа сезона возеше на 7 трки за Манор и успеа 2 пати да стигне до 16-то место. Од друга страна, уште еден трансфер е на повидок, Кевин Магнусен веројатно ќе стане нов член на Хас тимот.