Оле Гунар Солскјер ја воведе првата новина во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во својот тренерски тим донесе уште еден поранешен член на клубот.

Нов помошник тренер на Солскјер ќе биде Марк Демпси кој во минатото работел со Норвежанецот додека тој беше во Кардиф, но и во Молде, пред да започне сопствена тренерска авантура.

54 годишниот Демпси во играчката кариера го има носено дресот на Манчестер Јунајтед во 1982 година, а потоа работел во клубот како тренер во младинските категории.

Депмси е петтото име во тренерскиот тим на Оле Гунар Солскјер по Мајк Фелан, Мајкл Керик, Киеран МекКена и Емилио Алварез.