ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Оливиер Жиру вчера го постигна изедначувачкиот гол за Арсенал против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Натпреварот заврши со резултат 1:1, а францускиот напаѓач голот за еден бод на својот тим го постигна во 89. минута од натпреварот.
Интересен рекорд постави Жиру во тој натрепвар. Стана најдобар стрелец на „топчиите“ од клупата со 10 гола и на вечната листа го надмина многу добро познатото лице.
Станува збор за Николас Бенднер, данскиот напаѓач кој сите го исмејуваа во дресот на лондоснкиот тим.
Популарниот Лорд, заедно со нигерскиот напаѓач, Нванкво Кану има девет гола постигнато од клупата, а вчера Жиру ги надмина и стана рекордер на клупата.